top of page
White Flakey Backdrop

Super Raspust
Pamporovo
2026

pamporovo.png


Hotel Belevue Ski & Spa ★★★★
4,5  ★★★★☆  (624 Reviews) Google
8,9 (500 Reviews) Booking

Нашиот камп ќе се одвива во прекрасно уредениот хотел Bellevue Ski & Spa со 4 ѕвезди, кој располага со модерен сместувачки капацитет, ресторан, затворен базен, спа центар, сауна и игрална за деца. Хотелот е идеален за млади скијачи и деца кои сакаат активен одмор во планинска средина. Сместувањето е на база 5 ноќевања со полн пансион (појадок, ручек и вечера).

​

hotel5.png

Hotel Bellevue ****

Хотелот се наоѓа на приближно 1750 метри надморска височина, покрај главниот пат кон кулата „Снежанка“, во борова шума додека центарот на Пампорово е околу 2 км од хотелот. 

Ски терените (Studenetz и Snezanka) се само 300 метри од хотелот — лесно пристапни, и хотелот нуди трансфер до нив. 

Хотелот располага со 58 соби односно 108 кревети.

hotel1.png

Spa & Wellness

Во хотелот има внатрешен базен кој е дел од релакс зоната. Има сауна (сувa) и парна бања (парна сауна / steam room) за отпуштање и детокс.

Џакузи (outdoor hot tub / jacuzzi) за релаксација.

Релаксациона зона, со удобни простори за одмор по третманите или по сесиите во сауна / базен.

Спа центарот нуди и масажи, “хидротерапија” и козметички третмани.

hotel4.png

Rooms and Apartments

Секоја соба има сопствен балкон со поглед кон планината. Поседува сoфа-кревет или дополнителен кревет за неколку лица според типот на соба. ТВ со сателитски или кабловски канали, флат-скрин. Минибар, мали фрижидер /мини-фрижидер. 

Телефон, интернет (Wi-Fi) бесплатен. 

Тоалет комбиниран бања со када или туш, фен за коса, крпи, козметички основни производи.

hotel3.png

Food and drinks

Хотелот има главен ресторан (Restaurant Bellevue) со капацитет за околу 150 лица. Кујната е мешавина од бугарска и европска — има избор на традиционални јадења, меѓународна храна, вегетаријански опции. 

Појадок од 08:30 - 11:00 / Вечера од 19:00 – 22:30.

Исто така, хотелот нуди lunch пакети — гостите можат да добијат оброк што е спакуван, за да го понесат на скијање.

Пампорово
Идеално место за деца.

Pamporovo

Пампорово е едно од најсончевите зимски одморалишта во Бугарија, со благи временски услови и нежни падини, што го прави совршено за деца и почетници. Располага со безбедни и широки патеки, специјално прилагодени за учење скијање. Има и ски училишта со професионални инструктори, како и детски ски лифтови и игрални зони. Организирани се програми за групна и индивидуална настава, а опремата може да се изнајми на самото место.

Понуда за родители.

Покрај организираното патување за деца со скијање и дневни активности, нудиме и ексклузивна понуда за нивните родители – сместување во луксузни 5 хотели* во близина. Со оваа концепција им овозможуваме на родителите да уживаат во спа, мир и релаксација, додека децата се активно вклучени во програмата. Родителите не се сместени во истиот хотел со децата, со цел да се зачува нивната слобода и самостојност, но се на дофат доколку е потребно.

Ski fam

➡️ Алтернативно, на располагање се и уште два Хотела:

Hotel

Hotel Orlovetz ***** 

Сместен на 1.600 метри надморска височина, во централниот дел на Пампорово, близу Општинската зграда и спроти хотел Перелик. Хотелот има 105 сместувачки единици: 98 двокреветни соби и 7 апартмани. Сите соби имаат балкон, панорамски поглед кон планината и ски-пистите, изложување кон југ.Вклучува луксузен велнес центар “Mountain Relax Lounge” (~1350 m²) со внатрешен базен, сауни, парна бања, хамам, солна соба, џакузи и простории за третмани. Главниот ресторан има капацитет од околу 130 места и нуди локална и меѓународна кујна, со богат појадок и внимателно избрани продукти.

420€
(5 ноќевања / полу пансион)

Hotel 2

Hotel Perelik *****

Лоциран е во централниот дел на Пампорово, многу близу до ски зоната и хотел Орловец. Хотелот има 130 пространи и модерно опремени соби и апартмани. Типовите се: 98 „Junior Suites“ со дополнителен софа-кревет, 18 двокреветни соби, 3 едноспални апартмани и 12 двоспални апартман/мезонети.

„Body & Soul SPA Lounge“ – голем спа центар со полу-олимписки базен, различни типови сауни (финска, билкова, кедрова, инфрацрвена), парна бања, хамам, солна соба, џакузи, тропски тушеви, релакс зони и фитнес. Главен ресторан со капацитет од околу 400 места, а-ла-карт ресторан „Neptun“, панорамен лоби бар, après-ski бар, bowling бар. Бесплатен Wi-Fi, паркинг на отворено, трансфер до ски-зоната, гардероба за ски опрема, детски клуб, тенис, можности за состаноци и конференции – има конгресен центар со 6 сали.

430€
(5 ноќевања / полу пансион)

Summer Camp 2026 ...

Calm Beach

Летните кампови за следната сезона се во подготовка

Камп Каливас, Грција - Camp Kalivas, Greece

Сместен во прекрасната природа на Ситонија, во близина на плажата Метаморфози, кампот Каливас заедно со нашиот тим нуди безбедна, забавна и едукативна авантура за деца од сите возрасти. Со модерни содржини, богата програма со спортови, креативни работилници и активности на отворено, Каливас е идеално место каде децата учат, се дружат и создаваат незаборавни спомени а да бидат сепак на море. 

 

Локација и оддалеченост од Скопје

Кампот се наоѓа на околу 300 километри од Скопје, што претставува приближно 4 до 5 часа возење со автомобил или автобус, во зависност од сообраќајните услови и избраната рута.

kalivas camp logo
kalivas rooms2.jpg
kalivas rooms.jpg

Капацитет и сместување

Каливас располага со капацитет за приближно 1.500 деца по смена. Сместувањето е организирано во приземни куќички изградени од камен и дрво, кои се во хармонија со природата и се наоѓаат под сенката на боровите дрвја. Секоја куќичка е опремена со кревети на спрат, а за безбедноста и удобноста на децата се грижи лидер кој е одговорен за групата.

Тоалетите како и туш кабините се наоѓаат во непосредна близина на бунгаловите. 

Располагаат со нон-стоп топла вода за туширање и самата хигиена е на многу високо ниво.

DJI_0411_edited.png

Инфрастуктура и активности

​

Кампот нуди богата инфраструктура која вклучува:

  • Приватна песочна плажа со кристално чиста вода, идеална за пливање и водни активности.

  • Спортски терени за фудбал, кошарка, одбојка, тенис и други спортови.

  • Отворен базен за пливање и рекреација.

  • Креативни работилници каде што децата можат да се изразат преку уметност и занаети.

  • Вечерни забави како диско вечери, кино на отворено и други организирани настани.

Сите активности се спроведуваат под надзор на професионален и обучен кадар кој е на располагање 24 часа, обезбедувајќи безбедност и забава за децата.

DJI_0411_edited.png
kalivas rooms2.jpg
slika.jpg

Храна, здравје и безбедност

Храната во кампот се подготвува во современа кујна, користејќи свежи и домашни производи. Дневното мени вклучува три оброци и ужина, обезбедувајќи балансирана и здрава исхрана за децата.

Безбедноста и здравјето на децата се врвен приоритет во кампот Каливас. Кампот располага со медицински персонал и опрема за прва помош, а сите активности се спроведуваат со строги безбедносни протоколи. Дополнително, кампот е ограден и обезбеден, обезбедувајќи контролирана и сигурна средина за децата.  

DJI_0411_edited.png

Заклучок за кампот

Детскиот камп Каливас претставува идеално место за летен одмор на децата, нудејќи комбинација од спорт, забава, едукација и дружење во безбедна и природна средина. Со долгогодишно искуство и посветеност, кампот обезбедува незаборавни моменти и пријателства кои траат цел живот.

​

DJI_0014.jpg

Камп Александра, Грција - Camp Alexandra, Greece

Детскиот камп Александра е меѓународен летен камп сместен во областа Каријани, близу Кавала, во северна Грција. Изграден на површина од 4 хектари, кампот располага со песочна плажа долга 150 метри, нудејќи идеални услови за летен одмор и авантури за децата. Кампот се наоѓа на околу 325 километри од Скопје, што претставува приближно 4 до 5 часа возење со автомобил или автобус, во зависност од сообраќајните услови и избраната рута.

Aleksandra camp logo
kalivas rooms2.jpg
alexandra camp kavala.jpg

Капацитет и сместување

Кампот Александра има капацитет да прими голем број деца по смена (отприлика околу 600), обезбедувајќи удобни сместувачки капацитети. Сместувањето е организирано во модерни објекти, опремени со сите неопходни удобности за пријатен престој на децата. Сместувачките капацитети се во поголем број од цврста градба (цигла, бетон) и дел бунгалови напраевени од дрво. За разлика од кампот Каливас, во овој камп најголем дел од сместувањата се опремени со тоалети и фрижидери. 

IMG_4159edidedweb.jpg

Инфрастуктура и активности

​

Кампот нуди богата инфраструктура која вклучува:

  • Приватна песочна плажа со кристално чиста вода, идеална за пливање и водни активности.

  • Спортски терени за фудбал, кошарка, одбојка, тенис и други спортови.

  • Отворен базен за пливање и рекреација.

  • Креативни работилници каде што децата можат да се изразат преку уметност и занаети.

  • Вечерни забави како диско вечери, кино на отворено и други организирани настани.

Сите активности се спроведуваат под надзор на професионален и обучен кадар кој е на располагање 24 часа, обезбедувајќи безбедност и забава за децата.

kalivas rooms2.jpg
356386131_655750119904608_2393149956703843464_n.jpg

Храна, здравје и безбедност

Храната во кампот се подготвува во современа кујна, користејќи свежи и квалитетни производи. Дневното мени вклучува три оброци и ужина, обезбедувајќи балансирана и здрава исхрана за децата.

​

Здравје и безбедност

Безбедноста и здравјето на децата се врвен приоритет во кампот Александра. Кампот располага со медицински персонал и опрема за прва помош, а сите активности се спроведуваат со строги безбедносни протоколи. Дополнително, кампот е ограден и обезбеден, обезбедувајќи контролирана и сигурна средина за децата.

bottom of page