top of page

Потпишување на договор за учество во кампот Супер Распуст

Ве молиме внимателно прочитајте го договорот подолу.

Со пополнување и потпишување на формата потврдувате дека ги разбирате и прифаќате условите наведени во договорот.

ДОГОВОР ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП „СУПЕР РАСПУСТ“ ВО ДЕТСКИОТ КАМП „СКУРАС КАМП“ – Р. ГРЦИЈА

I. ДОГОВОРЕНИ СТРАНИ

​

Целта на склучувањето на овој договор е да се утврдат условите под кои двете заинтересирани страни, Балкан Фан Македонија ДОО Скопје како агенција овластена од детскиот камп од Грција за претставник за територијата на Р. Северна Македонија, претставувана од управител Спасе Симјановски, во понатамошниот текст АГЕНЦИЈА и лицето ______________________________ со ЕМБГ ______________________________ родител на детето ______________________________ кое во понатамошниот текст ќе биде именувано како АПЛИКАНТ (родител на апликантот) како заинтересирана страна за учество во детскиот летен камп „Супер Распуст“ во Грција во период од една смена осум дена (8) односно седум ноќевања (7). Заради малолетната возраст на апликантот (детето – учесник во летниот камп „Супер Распуст“) овој договор се потпишува помеѓу родителот/старателот на АПЛИКАНТОТ и АГЕНЦИЈАТА.

​

Двете страни се договорија за следните услови:

​

II. ОПШТИ УСЛОВИ

 

1.

Агенцијата Балкан Фан Македонија ДОО Скопје како туристичка агенција, имател на лиценца А бр. I 13-141 издадена од страна на Министерство за Економија на Р. Северна Македонија организира детски едукативен-спортски, рекреативен камп во траење од 8 дена. Локација на летниот („Скурас Камп“ Р. Грција.) е во Република Грција во близина на Неа Фокеа. Балкан Фан како носител на организацијата на програмата за учество се обврзува да му овозможи целосни, вистинити и навремени информации на апликантот (и неговиот родител) за програмата и условите за учество во детскиот летен камп „Супер Распуст“, и истите се услов за склучување на овој договор. Условите на програмата се изнесени на презентацијата за детскиот летен камп „Супер Распуст“ организиран од страна на Т.А. Балкан Фан Македонија. Дел од условите (период на престој во летниот камп „Супер Распуст“) се презентирани и во информативниот лист кој му беше доставен на родителот (апликантот) на денот на нивното запознавање со условите за престој во летниот камп „Супер Распуст“ во Грција. Родителот (во име на апликантот) ги потпиша и ги прифати тие услови при пополнување на апликација за учество во кампот (потпишан при поднесување на апликација во канцелариите на агенцијата Балкан Фан или пак со пополнување на пријава кај учител во училиштето).

2.

Апликантот (родителот на апликантот) врз основа на своја одлука и интерес одлучува за учество во летниот камп „Супер Распуст“. Заради целосно запознавање со условите за престој во летниот камп „Супер Распуст“ во Грција по присуството на презентација родителот во свое име и во име на апликантот (детето) и со потпишување на овој договор потврдува дека сите наведени услови од програмата за учество во летниот камп „Супер Распуст“ се целосно разбрани и прифатени од него. Во случај на неможност да присуствува на презентација на учество на летниот камп „Супер Распуст“ родителот ќе биде информиран во детали за истите од вработен во агенцијата Балкан Фан Македонија. Усното информирање (како и она на презентацијата) се врши според утврдена програма од страна на менаџментот на Балкан Фан Македонија ДОО Скопје.

​

3.

Агенцијата се обврзува да одговори на сите поставени прашања од страна на родителот (во име на неговото дете кое ќе биде апликант и учесник на зимскиот камп). Во случај одредено прашање да има посебна специфика (не е вообичаено), на барање на родителот – старателот, агенцијата се обврзува да му даде писмена информација на родителот во разумен рок не подолг од една работна недела.

​

III. ПОСЕБНИ УСЛОВИ

4.

По потпишувањето на договорот се примаат сите апликативни документи од страна на родителот на апликантот т.е. апликацијата (пријавата), изјава од полиција од родител/старател за согласност малолетно дете под 14 годишна возраст да патува само надвор од државата, прашалник за здравствената состојба на малолетното дете, осигурителна полиса (патничко осигурување) кое е задолжително да се извади преку агенцијата Балкан Фан Македонија ДОО Скопје.

5.

Агенцијата организира информативни средби со апликантот, по барање на апликантот (родител на апликантот). На овие средби може да се дообјаснат одредени прашања кои се искажани како важни за родителот и неговото дете.

​

IV. АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА / НЕ ВКЛУЧУВА

​

Во цената на кампот вклучени се:

  • сместување во бунгалови тврда градба - 7 ноќевања (претставени на фотографиите на официјалниот веб на самиот камп, на superraspust.mk и на balkanfun.mk)

  • автобуски превоз на релација Скопје – Скурас Камп – Скопје

  • сместување во соби од 8 до 15 деца (во зависност од големината на бунгаловот)

  • обезбедени се 3 оброка на ден (појадок, ручек и вечера) и ужина

  • лидер

  • меѓународно здравствено и патничко осигурување вклучен пакет плус (спортска повреда) – 500 денари

  • туристичка такса – 250 денари

  • спортски активности според предвидената програма од менаџментот на кампот

  • користење на приватна плажа и базен (по определена програма и термин на кампот)

  • вечерни забави

​

Дополнителни трошоци кои не се дел од цената на аранжманот:

  • факултативни прошетки во околина и истите ги организира менаџментот од хотелот и се со доплата

  • факултативни излети

  • забава + „Супер Распуст“ подарок – 20 евра

  • Излет до гратчето Афитос - 15 евра (организирано со превоз од Кампот)

  • индивидуални трошоци

​

V. ПРАВА И ОБВРСКИ

1.

Двете договорени страни, агенцијата и апликантот (родителот/старател на апликантот) согласни се сите отворени прашања да ги решаваат со заемно разбирање и со спремност и желба за решавање на прашањата по брза постапка.

2.

Во случај на повреда, болест или било каков друг здравствен проблем, истиот ќе биде третиран од страна на лекар и од медицинските лица од најблиската медицинска институција во регионот на кампот. Со овој договор родителот се согласува да биде извршена брза лекарска интервенција согласно со протоколите на министерството за здравство во Р. Грција.

3.

Во случај на повреда, болест или било каков друг здравствен проблем предизвикан од активност за време на престојот на летниот камп „Супер Распуст“, Балкан Фан Македонија ДОО Скопје не сноси никаква одговорност. Балкан Фан како организатор на ова патување обезбедува тим лидери кои ќе се грижат за престојот на децата да биде согласно програмата.

4.

Балкан Фан обезбедува тим лидери, кои како воспитувачи ќе се грижат за редот и дисциплината за време на престојот. Во случај на непримерно однесување на детето (камперот), правење на проблеми, одбивање да се биде во групата и да извршува групни активности, самоволно напуштање на кампот без придружба од овластено лице, агенцијата ќе го информира родителот за проблемите а во краен случај ќе побара отстранување на детето од кампот. Во случај на потреба од напуштање на кампот заради горенаведените проблеми, обврска е на самиот родител да дојде до кампот и да го преземе детето. Агенцијата Балкан Фан не ги сноси трошоците за пат до и враќање од кампот во вакви случаи т.е. целокупниот трошок е на сметка на родителите/старателот.

5.

Агенцијата не сноси одговорност во случај на кражба на предмет или пари што детето ќе ги има со себе за време на престојот. Од тие причини одлуката за какви предмети и во каква вредност ќе носи детето со себе е на родителот – старателот. Имајќи ја предвид целта на летниот камп „Супер Распуст“, Балкан Фан му посочува на апликантот (родител/старател) дека нема потреба детето со себе да носи вредни предмети.

6.

Одењето со групен превоз до кампот како и враќањето се врши по однапред утврдена рута со попатни застанувања. За секое подолго попатно застанување одлучува водичот на групата, овластено лице од Балкан Фан, кое врз основа на барањето на мнозинството на децата (патниците) ќе определи пауза во подолг период или застанување на одредено место. За овие застанувања водичот на групата не мора да има посебно овластување од родителите.

7.

Родителите кои имаат деца под 14 годишна возраст се обврзуваат да обезбедат одобрение издадено од МВР со согласност за патувањето на нивното дете во странство на име на полномошниците (професори, наставници, тренери и слично) и да го покријат трошокот за истото.

8.

Родителите се согласни секоја посета на кампот да ја најават во Балкан Фан еден ден пред нивното патување во Грција (или посета на кампот). Излегувањето надвор од кампот на нивното дете, треба да биде со одобрение од тим лидер/наставник/тренер и во период по појадокот. Ниту едно друго лице не смее и не може да бара ослободување на детето без претходна согласност од родител најавена во агенција Балкан Фан во Скопје. Секој кој ќе сака да го посети детето (роднини или пријатели) ќе мора да се легитимира и да потпише изјава пред обезбедувањето на кампот а тие кои не се најавиле пред агенција Балкан Фан со претходно одобрение од родителот/старател нема да им биде дозволено да го посетат детето.

​

9.

За сите други напоменати услови при користење на услугите Балкан Фан важат општите услови на патување кои се составен дел на овој договор и кои се презентирани на апликантот при презентацијата и уплатата на услугата.

10.

Договорените страни на овој договор се обврзува на деловна тајност на истиот и неговата исклучителност во меѓусебната соработка. Апликантот нема право да го пренесува своето право на учество во летниот камп „Супер Распуст“ утврден со овој договор на трети лица, односно други деца.

11.

Доколку дојде до нереализирање на аранжманот (учеството во кампот) поради невалидност на патни исправи, или непочитување на регулативите на програмата за која се однесува овој аранжман, Балкан Фан Македонија ДОО Скопје не сноси одговорност.

12.

Родителите се информирани и запознаени во целост со предвидената активност за „ВЛОГУВАЊЕ“ т.е. анимирање на дел од децата со креирање на индивидуални видео содржини, едукативни и забавни, кои ќе бидат застапени во текот на престојот во летниот камп „Супер Распуст“, а ќе бидат подготвени од претставници на агенцијата Балкан Фан. Во подготовката на овие видео материјали од престојот, забава и спортските активности во летниот камп „Супер Распуст“, децата сами ќе земат учество, и видео материјалите ќе бидат објавени на официјалните профили на агенцијата BalkanFun/Balkan Fun Macedonia/superraspust.mk на социјалните мрежи instagram, facebook и tiktok или пак ќе бидат искористени за промотивни печатени или електронски форми на промоција за детски кампови од страна на агенцијата.

Родителите кои не сакаат нивните деца да учествуваат во оваа активност т.е. нивните деца да не бидат на видео материјалите или фотографии, кои ќе бидат објавувани на горе наведените социјални мрежи на официјалните агенциски профили треба да се изјаснат со писмен исказ доставен до Агенција Балкан Фан Македонија ДОО Скопје пред тргнување односно пред почетокот на реализацијата на аранжманот. Во спротивно ќе сметаме дека ќе ни биде дозволено да ги вклучиме во оваа програмска активност.

13.

Балкан Фан не одговара за објавување и поставување на фотографии и видео содржини од страна на децата (самоиницијативно) кои се направени за време на престојот во кампот и објавени без наше знаење или се публикувани по завршувањето на кампот. Од овие причини и е наведено да не се носат никакви видео камери, мобилни телефони или пак таблети на ова патување.

​

VI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

​

14.

Овој договор стапува на сила на денот на неговото склучување. Договорот е со важност за периодот од неговото склучување до завршување на летниот камп „Супер Распуст“. Договорот е составен во два идентични примероци, по еден за секоја договорна страна.

15.

Не придржување на овој Договор подразбира негово автоматско раскинување. Во случај на нерешени спорови надлежен е Основен Суд Скопје.

 

T.A. Балкан Фан Македонија Доо Скопје

Спасе Симјановски

Управител

ПОТВРДА ЗА СОГЛАСНОСТ

Со пополнување на податоците и потпишување на формата подолу потврдувам дека го прочитав договорот за учество во програмата „Супер Распуст“ и доброволно ги прифаќам сите услови наведени во него.

Ве молиме пополнете ги потребните податоци и потпишете ја формата подолу.

Супер распуст Камп
Каливас Камп
Скураз Камп
Drawing mode selected. Drawing requires a mouse or touchpad. For keyboard accessibility, select Type or Upload.
_edited.png
BF LOGO.png
kalivas logo.png
skourascamp-logo.png

Партнери на патувањето

bottom of page