top of page
Calm Beach

Летните кампови за 2026 се веќе во продажба!

Summer Camp 2026 ...

Камп Каливас, Грција - Camp Kalivas, Greece

Сместен во прекрасната природа на Ситонија, во близина на плажата Метаморфози, кампот Каливас заедно со нашиот тим нуди безбедна, забавна и едукативна авантура за деца од сите возрасти. Со модерни содржини, богата програма со спортови, креативни работилници и активности на отворено, Каливас е идеално место каде децата учат, се дружат и создаваат незаборавни спомени а да бидат сепак на море. 

 

Локација и оддалеченост од Скопје

Кампот се наоѓа на околу 300 километри од Скопје, што претставува приближно 4 до 5 часа возење со автомобил или автобус, во зависност од сообраќајните услови и избраната рута.

kalivas camp logo
kalivas rooms2.jpg
kalivas rooms.jpg

Капацитет и сместување

Каливас располага со капацитет за приближно 1.500 деца по смена. Сместувањето е организирано во приземни куќички изградени од камен и дрво, кои се во хармонија со природата и се наоѓаат под сенката на боровите дрвја. Секоја куќичка е опремена со кревети на спрат, а за безбедноста и удобноста на децата се грижи лидер кој е одговорен за групата.

Тоалетите како и туш кабините се наоѓаат во непосредна близина на бунгаловите. 

Располагаат со нон-стоп топла вода за туширање и самата хигиена е на многу високо ниво.

DJI_0411_edited.png

Инфрастуктура и активности

Кампот нуди богата инфраструктура која вклучува:

  • Приватна песочна плажа со кристално чиста вода, идеална за пливање и водни активности.

  • Спортски терени за фудбал, кошарка, одбојка, тенис и други спортови.

  • Отворен базен за пливање и рекреација.

  • Креативни работилници каде што децата можат да се изразат преку уметност и занаети.

  • Вечерни забави како диско вечери, кино на отворено и други организирани настани.

Сите активности се спроведуваат под надзор на професионален и обучен кадар кој е на располагање 24 часа, обезбедувајќи безбедност и забава за децата.

DJI_0411_edited.png
kalivas rooms2.jpg
slika.jpg

Храна, здравје и безбедност

Храната во кампот се подготвува во современа кујна, користејќи свежи и домашни производи. Дневното мени вклучува три оброци и ужина, обезбедувајќи балансирана и здрава исхрана за децата.

Безбедноста и здравјето на децата се врвен приоритет во кампот Каливас. Кампот располага со медицински персонал и опрема за прва помош, а сите активности се спроведуваат со строги безбедносни протоколи. Дополнително, кампот е ограден и обезбеден, обезбедувајќи контролирана и сигурна средина за децата.  

DJI_0411_edited.png

Заклучок за кампот

Детскиот камп Каливас претставува идеално место за летен одмор на децата, нудејќи комбинација од спорт, забава, едукација и дружење во безбедна и природна средина. Со долгогодишно искуство и посветеност, кампот обезбедува незаборавни моменти и пријателства кои траат цел живот.

DJI_0014.jpg
Skouras Camp - Super raspust

Камп Скурас, Грција - Camp Skouras, Greece

Детскиот и спортски камп Skouras Camp во Халкидики, Грција е една од најконсолидираните летни дестинации за деца на возраст од 6 до 16 години, која работи од 1988 година, со илјадници задоволни учесници од многу земји. Кампот се простира на голема површина од околу 50 акри природна борова шума, веднаш до плажа и кристално чисто море, создавајќи идеална средина за спорт, учење, рекреација и развој.

kalivas rooms2.jpg
Skouras222.jpg

Капацитет и сместување

Кампот „Скурас“ располага со капацитет за сместување на повеќе од 600 деца во комфорни бунгалови и групни спални, распределени според возрасни групи. Објектите се целосно опремени за безбедно и пријатно престојување, со заеднички и чисти тоалети и тушеви, како и простор за релаксација и дружење. Ова му овозможува на кампот да прими поголеми групи деца со организиран транспорт и поддршка, без да се загрози квалитетот на грижата и вниманието кон секое дете.

IMG_4159edidedweb.jpg

Инфрастуктура и активности

Кампот „Скурас“ е дизајниран да овозможи оптимална удобност, безбедност и незаборавно искуство за сите учесници. Сместувањето е организирано во удобно опремени бунгалови и групни спални, со пространи заеднички тоалети и тушеви, обезбедувајќи пријатна средина за одмор и дружење. На располагање имате:

  • ⚽ Мултифункционални спортски игралишта (фудбал, кошарка, одбојка)

  • 🏊‍♂️ Базени за пливање и рекреација

  • 🧘‍♀️ Простор за јога, танц и други активности

  • 🎨 Креативни студија за работилници и уметност

  • 🍽️ Современа трпезарија и зона за ручек

  • 🚑 Медицински центар со стручен персонал

  • 🌳 Пространи зелени површини и место за кампски игри

  • 🏖️ Пристап до плажа за водени активности и рекреација

DINING-ROOM-2.jpg
DINING-ROOM-2.jpg

Храна, здравје и безбедност

Кампот „Скурас“ располага со сопствена професионална кујна и организирана трпезарија, каде секојдневно се подготвуваат свежи и балансирани оброци, прилагодени на потребите на децата. Исхраната вклучува разновидно мени со топли оброци, свежо овошје и зеленчук, како и посебно внимание за деца со алергии или специфични диетални потреби (со претходна најава). Хигиената и безбедноста при подготовка на храната се на високо ниво и се под постојан надзор.

bottom of page