
Добредојдовте на
Super Raspust
Прв едукативен и спортски камп во Македонија!

Дали сте подготвени за најзабавното лето?
Супер Распуст – Најдобриот Детски Камп!
Веќе 8 години создаваме незаборавни моменти за децата! Супер Распуст не е само камп – тоа е авантура, пријателства и бескрајна забава! Со внимателно осмислена програма, сигурна средина и тим од посветени лидери и наставници, го правиме секој распуст посебен...

Detski kamp
Лето 2026 - Во продажба по н ајниска цена до 01.03.2026
Летни кампови
7 ноќевања
Kalivas Camp
Одалечен 327км oд Скопје
Детски камп Каливас – Метаморфози, Грција
Сместен во прекрасната природа на полуостровот Ситонија, кампот Каливас нуди совршена комбинација на море, забава и авантура. Со својата голема зелена површина, приватна плажа со кристално чиста вода и модерни спортски терени, кампот е идеално место за активен и безбеден летен одмор. Децата уживаат во разнолики активности – спортови, креативни работилници, игри и дружење, сето тоа под водство на искусни аниматори и наставници. Каливас е повеќе од обичен камп – тоа е место каде што се создаваат пријателства и незаборавни спомени! 🏄♂️☀️⛱️


Skouras Camp
Одалечен 316км oд Скопје
Детски камп Скурас – Халкидики, Грција.
Кампот „Скурас“ е еден од најголемите и најдобро организирани детски кампови во Грција, со долгогодишно искуство во работа со кампери од цела Европа. Се наоѓа на само 316 км од Скопје, што овозможува брз и безбеден транспорт. Програмата вклучува спортски, едукативни и забавни активности, со постојан надзор од обучени лидери и наставници. Безбедноста, грижата и позитивната атмосфера се наш приоритет, за родителите да бидат спокојни, а децата среќни. 🏄♂️☀️⛱️

























